Мајка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете во Охрид, го оставила само без храна | Правдико

Правдико

   

Мајка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете во Охрид, го оставила само без храна

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Охриѓанка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете. Таа го оставила детето само во куќата во која живееле, без храна и надзор.

Според информациите на СВР Охрид, вчера, во полиција телефонски било дојавено дека С. В. (39) од Охрид, во својот дом на улицата Питу Гули, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син, кој бил неподвижен.

Центарот за социјални грижи и Црвениот крст од Охрид преземаат мерки за пронаоѓање згрижувачко семејство, а на детето му е дадена соодветна помош. Против С. В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико