Мајка и бебе од Кочани позитивни на коронавирус примени на Инфективната клиника
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника, откако биле утврдени дека се позитивни на коронавирусот, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. И мајката и бебето се во добра здравствена состојба.
На Инфективната клиника во последниве 24 часа примени се пет нови пациенти, со што вкупниот број хоспитализирани на клиниката е 68. Од нив, 20 се со потешка клиничка слика, а седум се во критична состојба.
„За четворица пациенти се чека вториот контролен тест, пред да бидат испуштени од клиниката како излечени“, информираше Филипче.
Во Градската болница „8 Септември“ има 25 хоспитализирани пациенти. Од нив пет се во тешка состојба и се приклучени на вештачка вентилација.
Во болниците во Битола и во Штип има по четворица пациенти, од кои на еден му е потребна кислородна поддршка.
Во последниве 24 часа регистрирани се 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови во Скопје – 12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово – 1, Струга – 2, Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица. Според последните објавени информации, 30 пациенти починале како последица на коронавирусот.
Извор: Макфакс