Правдико

   

Мајка и ќерка од Турција обвинети за употреба на фалсификувани израелски пасоши

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, на возраст од 45 и 19 години, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

 

Обвинението е поднесено против мајка и ќерка, државјанки на Република Турција, кои на 22 јануари, на граничниот премин Долно Блаце, при влез на државната граница од Косово, употребиле лажни јавни исправи, прикажувајќи ги како вистински.

Притоа, мајката е обвинета дека употребила лажни израелски пасоши и лични карти за себе и за двата малолетни сина кои патувале со нив, додека полнолетната ќерка е обвинета дека исто така за себе прикажала лажен израелски пасош и лична карта. Употребените лажни документи се разликуваат од оригиналните израелски документи по квалитетот на хартијата, застапените техники на печатење на образецот, заштитните знаци, сјајот и интензитетот на застапените бои.

Партнери на Правдико