Правдико

   

Мајка и син извршиле разбојништво во менувачница

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Свети Николе до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Ц.Х.(45) од Германија и известување против нејзиниот 14 годишен син поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Според информациите од МВР, на 20.09.2018 година во 07,20 часот во Свети Николе, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, пријавената заедно со нејзиниот син влегле во менувачницата во Свети Николе и откако размениле пари сакале да влезат во просторот позади шалтерот, но биле спречени од вработената на менувачницата, по што пријавениот малолетник со спреј ја испрскал неа и нејзината ќерка, по што ја турнале на подот и ја влечеле и удирале.

Пријавените биле приведени во Полициска станица Свети Николе. Од страна на судија на претходна постапка на Ц.Х. одредена и била мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико