Мајка заработи кривична пријава за запуштање и малтретирање дете | Правдико

Правдико

   

Мајка заработи кривична пријава за запуштање и малтретирање дете

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во периодот од 25.01. до 29.01.2021 од страна на полициски службеници од СВР Скопје заедно со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје преземени се мерки и активности за спречување на социопатолошката појава „питачење“.

Притоа биле приведени Р.А.(36), М.С.(24) и С.О.(38) од Скопје и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, а евидентирано е и едно малолетно лице, поради што во полициска станица била повикана нејзината мајка Л.С.(44) од Скопје, против која по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело запуштање и малтретирање на дете по чл.201 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико