Македонец приведен во Бугарија, сакал да прошверцува марихуана | Правдико

Правдико

   

Македонец приведен во Бугарија, сакал да прошверцува марихуана

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонец е уапсен во Бугарија затоа што се обидел да прошверцува 4,7 килограми марихуана на граничниот премин Ѓуешево, објави бугарското Обвинителство.

И од Основното обвинителство во Гевгелија информираат дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело неовластено призводство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво по Кривичниот ааконик.

Осомничениот, по претходен договор и заедно со уште едно лице за кое веќе се води постапка, со непознато лице од Косово се договорил неовластено, заради продажба, да пренесе наркотична дрога марихуана во Турција.

За таа цел, осомничениот искористил товарно моторно возило – влекач и приколка со скопски регистарски таблички, сопственост на едно правно лице.

Потоа со возилото двајцата отишле во Приштина, каде што на 4 март возилото било натоварено со легална рециклирана отпадна хартија, која требалао да се извезе за Република Турција.

На 5 март тие со возилото преминале во Република Северна Македонија и на точно неутврдена локација ја натовариле во камионот наркотичната дрога марихуана со вкупно количество од 390.378,8 грама, спакувана во 516 полиетиленски пакувања.

На 6 март, лицето, за кое претходно беше поведена постапка, тргнало да ја пренесе дрогата преку граничниот премин Богородица, со крајна дестинација Република Турција.

Овластени службени лица ја пронашле марихуаната во возилото непосредно пред граничниот премин.

Бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело, дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за притвор и за лицето за кое беше проширена постапката, велат надлежните.

На осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Од 7 март, по предлог на јавен обвинител, првиот осомничен за истото кривично дело веќе се наоѓа во притвор.​​

Ако биде прогласен за виновен, шверцерот на дрога може да биде осуден на 10 до 15 години затвор и глоба од 100 до 200 илјади лева, односно од 50 до 100 илјади евра, известуваат медиумите во регионот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико