Македонија да биде една изборна единица – Трајанов достави измени на Изборниот законик | Правдико

Правдико

   

Македонија да биде една изборна единица – Трајанов достави измени на Изборниот законик

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, ги достави предлог-измените на Изборниот законик на мислење до сите пратеници со цел да може да искажат свои ставови и сугестии по нив.

Со предлог-законот за изменување на Изборниот законик се предлага Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционалниот модел и без изборен праг. Пресметката за избор на пратеници да се одвива со Донтовиот количник.

„Со измените се очекува составот на парламентот да биде реален одраз на определбата на граѓаните, да се зајакне владеењето на правото, да се развиваат демократските процеси и да се создадат услови за системски промени во државата“, велат од Демократскиот сојуз.

Додаваат дека врз основа на досегашните консултации, повеќето од партиите се за Македонија да биде една изборна единица (останува и можност тројца пратеници да бидат нашите иселеници), но има размислувања да имаме и отворени листи, да има изборен праг.

По сумирање на забелешките, се очекува идната недела повеќе пратеници да бидат предлагачи на измените во Изборниот законик.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико