Македонија делумно ја отвори границата со Грција | Правдико

Правдико

   

Македонија делумно ја отвори границата со Грција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонија денес делумно ја отвори граница со Грција на преминот Идомени, и премин е дозволено само на бегалците кои бараат азил во Германија или Австрија.

243513

“Граничниот премин за мигранти во близина на Гевгелија беше отворен утринава, но само мигрантите кај кои на документите за регистрација, добиени во Грција, се гледа дека нивната последна дестинација е Германија или Австрија, може да влезат”, изјави висок официјален претставник од Скопје за АФП.

По отворањето , околу 2.000 мигранти почнаа да влегуваат во Македонија.

Македонија вчера ја затвори границата со Грција за бегалци, наведувајќи како причина проблеми со нивниот понатамошен премин долж Балканскиот пат.

Грчката полиција соопшти дека околу 650 баратели на азил од Сирија, Ирак и Авганистан останаа заглавени на македонската граница, или во бегалскиот камп на границата

Македонските власти тврдат дека проблемот е само привремен, а почна во Словенија, кога дојде до нарушување во железничкиот превоз, кој бегалците го користат за да пристигнат во Австрија.

Препорачуваме

Партнери на Правдико