Македонија ги затвори границите за илегални имигранти | Правдико

Правдико

   

Македонија ги затвори границите за илегални имигранти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонија во целост ги затвори своите граници за илегални имигранти, по Словенија и Србија, кои објавија построги ограничувања за влез на мигранти, рече неименуван полициски претставник за Ројтерс.

download-770x470

Според Министерството за внатрешни работи на Македонија, ниту еден од мигрантите не е денес влезен од Грција.

Балканската бегалска рута од полноќ е практично затворена откако Словенија започна со спроведување на новиот режим за влез во Шенген зоната и престана да дозволува влез на имигранти без валидни патни исправи и визи.

По одлуката на Словенија, Србија сите мерки ќе ги усогласува со Европската Унија, и реципрочно ќе ги применува на јужните и источните граници, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико