Македонија гласаше за прием на Косово во УНЕСКО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Црна Гора и Македонија, се меѓу 27. земји кои гласаа за прием на Косово во УНЕСКО, на состанокот на Извршниот совет на организацијата во Париз, информира српски Блиц.
Меѓу земјите кои го дале својот глас “за” Косово за влез во УНЕСКО, се и: Авганистан, Албанија, Австрија, Белизе, Велика Британија, Ел Салвадор, Обединетите Арапски Емирати, Естонија, САД, Франција, Габон, Гамбија, Гвинеја, Италија, Кувајт , Доминиканска Република, Германија, Тајланд, Того, Чад, Чешка, Шведска, Пакистан, Свети Китс и Невис и Холандија.
Против гласаа 14 држави: Аргентина, Ангола, Бразил, Кина, Еквадор, Шпанија, Етиопија, Русија, Индија, Мароко, Мексико, Намибија, Нигерија и Куба.
Воздржани земји се 14: Алжир, Бангладеш, Египет, Индонезија, Јапонија, Јужна Кореја, Малави, Мали, Маурициус, Мозамбик, Непал, Папуа Нова Гвинеја, Тринидад и Тобаго и Уганда.
Земјите чии претставници остана надвор од салата за време на гласањето, а не гласаа се: Тунис, Туркменистан и Украина.
За предлог на Извршниот совет на УНЕСКО ќе одлучува Генералната конференција на УНЕСКО, кој ќе се одржи од 3 до 18 ноември.
Извор: еМагазин