Македонија и Босна денеска заемно ќе си ги признаат возачките дозволи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска ќе го потпишат договорот за заемно признавање и замена на возачките дозволи.
Претставници на македонската влада на потпишувањето на договорот се министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, а босанската Влада ќе ја претставува министерот за комуникации и транспорт, Исмир Јуско.