Македонија и Казахстан ќе потпишат договор за екстрадиција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Разгледувањето на договорот за екстрадиција на осудените лица, кој треба да биде потпишан набргу меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Казахстан, беше тема на состанокот помеѓу министерот за правда Билен Салији и делегацијата од Република Казахстан.
Делегацијата од Казахстан по средбата со министерот ќе продолжи со работа со работната група на Министерството за правда, за да се изврши детална анализа во однос на законските процедури што ги опфаќа екстрадицијата.
Меѓу другото ќе се преговара во однос на нацрт-договорите за трансфер на осудените лица и договорот за меѓународна правна помош во кривичната материја. По завршувањето на преговорите, следи постапка за потпишување на наведените договори од двете страни, во најкус временски период.
Извор: Макфакс