Правдико

   

Македонија меѓу новите 14 членки на Советот за човекови права на ОН

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

B60263E9-0D4F-4564-B8E8-8CEABA962E12_mw1024_n_sМакедонија е меѓу новите 14 членки што денес ги изгласа Советот за човекови права на Обединетите нации.  Членство во Советот, во кој место имаат вкупно 47 земји, добија и Алжир, Британија, Виетнам, Јужна Африка, Кина, Куба, Малдивите, Мароко, Мексико, Намибија, Русија, Саудиска Арабија и Франција.

Гласањето предизвика реакции на организациите за човекови права кои беа против контроверзните кандидати.  Хјуман рајтс воч, со седиште во Њујорк, тврди дека Кина, Русија, Саудиска Арабија, Виетнам и Алжир имаат лош домашен учинок во однос на човековите права, што оневозможува да бидат корисни членки на Советот.

Организацијата Ју-ен воч, со седиште во Женева, која се занимава исклучиво со следење на активностите на ОН, смета дека да им се дозволи на вакви земји да членуваат во Советот практично значи „пироман да се постави за командир на противопожарна единица“.  За разлика од Хјуман рајтс воч, Ју-ен Воч ја вбројува и Куба меѓу земјите чие членство го оспорува.

Една од најчестите поплаки за гореспоменатите земји е дека го задушуваат различното политичко мислење.  Другите поплаки се однесуваат на законите за синдикатите, постапките на силите за безбедност, како и монополот на моќта на само една политичка партија.

Членките на Советот за човекови права се избираат според географски регион, а во некои случаи тие немаат противкандидати.  САД во моментов се членка на Советот, а членството на оваа земја истекува во 2015-та.

Извор: Глас на Америка

Партнери на Правдико