Правдико

   

Македонија на 117. место според слободата на медиумите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во новата ранг-листа за слободата на медиумите на Репортери без граници, Македонија напредува за шест места, но и натаму останува оценката дека состојбата е „лоша“. Генерално се влошува состојбата во целиот свет.

0,,17496709_303,00

Во извештајот на Репортери без граници за 2015 година, Македонија е на 117. место од вкупно 180 држави на листата. РБГ оценуваат дека состојбата во македонските медиуми и натаму е лоша, а годината ја одбележале злоупотреби на легислативата во однос на клеветата и политички-мотивирано распределување на државното рекламирање. На листата за 2014 година, Македонија беше најлошо рангирана во својата историја- на 123 место. И годинава земјата останува во истото друштво на земји каде слободата на медиумите не се почитува како Таџикистан, Катар, Авганистан, Мали, Алжир, Обединетите арапски емирати итн. Во регионот, Македонија има најлош пласман, а наблиску до неа е Црна Гора на 114. место, Бугарија е на 106., а Грција на 91. место. Драматичниот пад на Македонија на листата на РБГ започна во 2009 година кога се најде на респектабилното 34. место.

Репортери без граници нотираат дека новинарот Томислав Кежаровски во 2014 се‘ уште бил во домашен притвор откако во октомври 2013 година е осуден на четири ипол години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок. Неговата казна во јануари годинава му е намалена на две години затвор. Новинарите се соочувале со проблеми при известувањето од настаните. Во јуни полицијата принудила неколкумина новинари да ги избришат фотографиите и видеата од протестот што го следеле, наведуваат од РБГ во забелешките.

Извештајот нотира дека најголемиот пад во изминатата година на светско ниво го забележал токму регионот ЕУ-Балкан. „Загрижувачкиот тренд рефлектира двозначен феномен: злоупотреби од некои земји-членки од една страна, и неспособноста на ЕУ механизмите тоа да го спречат, од друга страна.

На врвот на листата, според слободата на медиумите, и натаму е Финска, пред Норвешка, Данска, Холандија и Шведска. Германија напредувала за две места и сега се наоѓа на 12. позиција. На дното, вообичаено се Еритреја, Демократска република Кореја, Туркменистан и Сирија.

Извор: Deutsche Welle

Партнери на Правдико