Македонија на 71 место по стапка на мир | Правдико

Правдико

   

Македонија на 71 место по стапка на мир

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Skopje-plostadМакедонија се наоѓа на 71 место од вкупно 162 по стапка на мир, покажува најновиот извештај на Институтот за економија и мир.

Критериумите, според кои се класифицираат земјите, се вкупно 23. Меѓу нив се внатрешни и надворешни конфликти, трошоци во областа на одбраната, тероризмот, убиства, пораст на други злосторства и друго.

Македонија според извештајот најлоши оценки има во категориите, достапност до оружје и безбедносни сили и полиција.

Глобалниот индекс на мирот покажува на се поголема разлика меѓу богатите европски земји, кои живеат во мир и опфатените од конфликт сиромашни земји во Африка и на Блискиот исток со што се одразува една се поголема поделба во светот.

Најмирни земји на светот се Исланд, Данска и Австрија, додека на дното се наоѓаат Сирија, Ирак и Авганистан.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико