Правдико

   

Македонија на 93 место на Индексот за корупција заедно со Косово, Молдавија и Панама

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонија е рангирана на 93 место од вкупно 18о по Индексот на корупција во  годишниот извештај на Транспаренси Интернешнал што беше објавен денеска. Ова место Македонија го дели со Косово. Монголија и Панама. Словенија е рангирана  на 36 место, Хрватска на 60 место, а  Црна Гора на 67 место, иако кај сите овие држави годинава е забележан пад на скалата во споредба со минатата година.

За разлика од лани, Македонија има скок од 14 места и подобрување од два поени но и натаму е меѓу земјите кои се сметаат за држави со хибриден режим, односно држави во кои има елементи на автократски тенденции.

„Македонија се наоѓа на многу ниско 93 место од 180 рангирани држави. Сега имаме 37 од можни 100 поени и се наоѓаме многу под 50 поени.

Подобрувањето не се должи на работата на институциите надлежни за борба против коруцијата. Напредокот оваа година има две компоненти: работата на Специјалното јавно обвинителство и учеството на граѓанскиот сектор во градење на политики и донесување на закони, што ја подобри сликата за демократизацијата на државата“ рече Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси Интернешнл.

Тасева напоменува дека неефикасноста на судството и натаму останува главен проблем за развојот на демократијата, но и суштински реформи во борбата против корупцијата, пред се во избор на соодветен кадар кој ќе има интегритет и знаење да се справи со проблемот.

„Проблемот е во имплементација на законите и дали има политичка волја законите да се спроведат“ рече Тасева.

На врвот на листата се земјите Данска, Нов Зеланд, Финска и Сингапур, а на дното Северна Кореја, Јемен, Јужен Судан, Сирија и Сомалија.

САД за прв пат од 2011 година не е меѓу првите 20 земји, а во Унгарија е регистриран најнизок резултат во односн на политичките права од падот на комунизмот во 1989 година.

Генералниот заклучок во светски рамки е дека се забележува пад во борбата против корупцијата што придонесува и за намалување на степенот на демократиите во светот.

Извор : Нова ТВ

Партнери на Правдико