Правдико

   

Македонија од 44 на 54 место на ранг-листата за владеење на правото

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од 113 држави, Македонија е рангирана на 54-тото место во владеење на правото. Листата е дел од новообјавениот извештај за владеење на правото составено од невладината организација „Ворлд Џастис Проџект“ (ВЏП). Во ланскиот извештај, Македонија се најде на 44-то место, но во новиот извештај се додадени 13 држави.

mapruleoflaw

– Владеење на правото овозможува основа за заедници со мир, можности и еднаквост, како и развој, одговорна влада и почитување на основните човекови права. Кога е слабо владеењето на правото, лековите не стигнуваат до здравствените установи, криминалното насилство минува непроверено, законите не се имплементирани еднакво и странските инвестиции не се активни. Ефективното владеење на правото ја намалува корупцијата, го подобрува јавното здравје, го зајакнува образованието, ја ублажува сиромаштијата и ги заштитува луѓето од неправда – се вели во извештајот на организацијата.

Индексот на рангирање се основа на осум точки, и тоа ограничување на моќта на владата, отсуство на корупција, транспарентна власт, основни човекови права, ред и безбедност, имплементирање на регулативи, граѓанска заштита и криминална правда. Бодовите на секоја држава доаѓаат од анкети направени во повеќе од 110 илјади домаќинства.

На прво место е Данска, а по неа се Норвешка, Финска, Шведска и Холандија. Пред Македонија, која е на 54 место, се наоѓаат Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска и Словенија. Додека под се Албанија, Србија, Турција, а на крај е Венецуела.

Во делот на ограничување на моќта на владата, Македонија е рангирана на 96 место, во однос на отворена и транспарентна власт на 45 место, во однос на основни човекови права на 67 место, а во однос на ред и безбедност на 48 место. Понатаму, во однос на имплементирање на регулативите сме на 70 место, за граѓанска правда Македонија е рангирана на 51 место и за криминална правда на 48 место.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико