Македонија останува во групата делумно слободни земји
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Новообјавениот извештај на американската организација Фридом Хаус ја оценува Македонија како делумно слободна земја. Македонија доби оценка 3,5 за нивото на слобода, односно 4 за политичките права и 3 за нивото на граѓанските слободи
Во извештајот е наведено дека оценката за политички права е намалена поради недостатоци во априлските избори и поради бојкотот на Собранието од страна на опозицијата.
Македонија има статус на делумно слободна земја од почетокот на нејзиното рангирање на индексот, но најголем дел од овој период имаше повисока оценка 3 за политичките права и граѓанските слободи.
Од регионот, Албанија, Косово и Босна имаат статус на делумно слободни земји, додека Грција, Бугарија и Хрватска се сметаат како слободни според индексот на Фридом Хаус.
Највисоката оценка 1 ја добија САД, Канада и повеќето западно-европски држави како Британија, Германија и Франција. Како најлоши држави во однос на човековите права, извештајот ги наведува Централноафриканската република, Екваторијална Гвинеја, Северна Кореја и Саудиска Арабија.
Извор: Нова Македонија