Правдико

   

Македонија: Пресек на денот – 01 Декември 2015

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Правдико пресек на денот: Најважните денешни вести поврзани со Република Македонија

presek-makedonija

Нереди на границата кај Гевгелија – армијата го подигна степенот на готовност

По кратка пауза, мигрантите од земјите кои не се загрозени од војната протестираат повторно на грчко-македонската граница, во близина на Гевгелија, каде што десетина мигранти се искачиле на жичаната оградата со барање да им биде дозволено да влезат во Македонија. Повеќе прочитајте тука.

“Јустиција“ ќе се суди во Битола

На жестоката ракција на адвокатите и обвинетите судијката не одговори туку замина од судницата. Додека адвокатите бараа образложение и обвинуваа дека предметот е однесен во џеб во Врховен , обвинетите судии и службеници бараа судијата да не бега туку да процени дека нема кривично дело. Повеќе прочитајте тука.

Собрание на РМ: Усвоени повеќе предлог одлуки

Денеска Собранието на РМ усвои повеќе предлог одлуки, меѓу кои и Одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан, за која се разви жешка дискусија во парламентот.

Усвоени беа и одлуките за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, како и за изменување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави.

Предлог измените на Законот за енергетика не се прифатени од  страна на Собранието на РМ

Собранието на РМ со 41 глас против и 30 гласови „за“ ги отфрли предлог измените на Законот за енергетика по скратена постапка, кој предвидуваше граѓаните кои не користат парно, односно го откажале греењето, да не плаќаат надомест.

Напуштени преговорите за медиуми од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката партија ги напушти преговорите за регулација на работата на медиумите откако белгискиот олеснувач Ванхауте потенцирал некои работи во врска со предлозите. Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте очекува претставниците на партиите во најкус можен рок да се вратат на преговарачката маса.

Деловникот на Анкетната комисија за прислушување е усвоен

Членовите на комисијата со 12 гласа „за“, 1 против и еден што не гласал го усвоија деловникот, а претседателот на комисијата Петре Шилегов  нема да има двоен глас.

„Спорното прашање со гласот на претседателот на комисијата решено е на тој начин што во случај на поделено гласање, се закажува нова седница, на која повторно се гласа и резултатот од второто гласање се смета за конечен резултат. Доколку и по второто гласање постои изедначеност на гласовите, одлуката ќе се смета за неизгласана“ – рече Шилегов.

Партнери на Правдико