Македонија со скок од 11 места на скалата на Глобалниот индекс за мир | Правдико

Правдико

   

Македонија со скок од 11 места на скалата на Глобалниот индекс за мир

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Глобалниот индекс за мир покажува скок од 11 поени за Македонија, со што земјата е рангирана на 40- то место и бележи подобрување во однос на безбедноста, покажува истражувањето на Институтот за економија и мир. Претходната година земјава била рангирана на 51-то место, додека во 2019 година била стационирана на 57 место на ранг листата на австралискиот институт за економија и мир.

Според истражувањето за годинaшниот глобален индекс на мирот, врз чија основа се рангирани земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“, австралискиот институт за економија и мир.оценува дека во споредба со периодот од пред една деценија, светот во 2021 е побезбеден во последниве пет години.

На првото место за најбезбедна земја во светот е Исланд, по неа е Нов Зеланд, а на третото место е Данска. На четврото место е Португалија, додека на петтото место е рангирана Словенија.

Во однос на земјите од Западен Балкан, по Македонија која е на 40-тото место е Србија на 44-тата позиција со пад од 3 индексни поени. Албанија е на 48-то место со пад од 2 индексни поени, додека Црна Гора на 51-то место и бележи скок од 3 индексни поени. Босна и Херцеговина 72 бележи скок од 2 индексни поени а на 80. место од земјите од Западен Балкан се наоѓа Косово.

На дното на ранг листата од 163 земји се Јужен Судан, Сирија и Јемен. Последна и најнебезбедна земја е Авганистан.

Институтот за економија и мир рангира 163 независни земји и териории во светот, оценувајќи ја состојбата на мир во тие земји во публикацијата „Индекс на мирот“ за 2021 година.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико