Македонија во средина на листата за расизам во Европа | Правдико

Правдико

   

Македонија во средина на листата за расизам во Европа

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Мапата направена од „Мајнд хакс“ покажува колку е развиен расизмот кај луѓето од различни земји.

Мапата е направена врз основа на спроведен психолошки тест, со кој се проценувало како жителите реагираат на луѓе со друга боја на кожа.

Мапата се базира врз резултати направени врз 28.076 бели Европјани. Резултатите биле сумирани на универзитетот „Харвард“ во периодот од 2002 до 2015 година.

Сината боја означува понизок степен на расизам, додека црвената означува висок степен на развиен расизам, кој најмногу преовладува во Чешка и во другите источноевропски земји.

Во Македонија тестот бил извршен врз 371 испитаник. Според бројките, во Македонија расизмот е поразвиен од останатите балкански земји, и е поблизу до земјите во Источна Европа, отколку до западноевропските земји.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико