Фетаи бара притвор за обвинетиот поради кого се одложуваа рочиштата за „Насилството во Центар“ | Правдико

Правдико

   

Фетаи бара притвор за обвинетиот поради кого се одложуваа рочиштата за „Насилството во Центар“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителката Фатиме Фетаи за време на рочиштето за „Насилство во Општина Центар“ рече дека СЈО побарало од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да направи вонреден инспекциски надзор во приватната клиника со цел да провери дали обвинетиот Милан Андоновски навистина бил на боледување или станува збор документ што клиниката го издавала за тој да ги избегне судењата за случајот на СЈО.

Поради согледани недостатоци, инициран е вонреден стручен надзор преку Лекарската комора и службите што контролираат боледувања во Фондот за здравствено осигурување. Според Фетаи, приватната клиника, од каде што Андоновски вадел оправдувања, имала направено пропусти, односно при вадење на извештајот тие не ги направиле стандардните лабараториски анализи за да го поткрепат боледувањето.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, тврди дека боледувањата се наменски вадени пред рочиштата, а против лекарите најави поведување постапка. Во меѓувреме тие побараа притвор за обвинетиот Андоновски со цел обезбедување на присуство.

Главната расправа беше трипати одложувана поради боледувањата на обвинетиот Милан Андоновски. Тој не беше присутен и на минатото рочиште поради лоша здравствена состојба, односно во лекарското оправдување пишувало дека тој има ларингит.

Судењето ќе продолжи на 19 април. Обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико