Паско Кузман доби кривична пријава од финансиската полиција за злоупотреби при возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет | Правдико

Правдико

   

Паско Кузман доби кривична пријава од финансиската полиција за злоупотреби при возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, доби кривична пријава од Управата за финансиската полиција, заедно со  лицето Ш.Ц. од Хрватска.  Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување при постапката за возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет. За тоа финансиската полиција до Основото јавно обвинителство поднесе кривична пријава.

Според информациите од Управата, Кузман во текот на 2010 година, по претходно спроведена постапка за јавна набавка, склучил договор за изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид,  со изведувачот „Конструктор инженеринг АД  Сплит“ со подружница во Македонија, за што била обезбедена гаранција за понудата, но не и банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите.

Осомничениот Ш. Ц. од Хрватска, со цел да се стекне со противправна имотна корист, доставил градежна книга со невистинита содржина, во која лажно прикажал дека на објектот биле набавени материјали и извршени градежни работи во вредност од над 19 милиони денари. Паско Кузман го дозволил тоа, при што иако не бил избран надзорен орган и одобрение за градба, дозволил да бидат исплатени 19 милиони денари. Кузман, иако бил должен, не го раскинал договорот и не ја раскинал банкарската гаранција, за чиј износ е оштетен буџетот на Управата за заштита на културното наследство.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико