Македонски државјани меѓу уапсените во полициска акција во Цирих | Правдико

Правдико

   

Македонски државјани меѓу уапсените во полициска акција во Цирих

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата од швајцарскиот кантон Цирих спроведе акција за сузбивање на криминалот и приведе 127 лица, меѓу кои има државјани на Македонија, Србија, Косово, Грузија, Франција, Колумбија, Монголија, Полска, Романија и Сирија.

Полицијата спроведе повеќе контроли, а меѓу уапсените се 24 осомничени провалници.

Акцијата траела од октомври до февруари годинава, а за време на тој период е зголемен бројот на патроли во кантонот, како и контрола на возила, се наведува во соопштението од швајцарската полиција.

Врз основа на контролите уапсени се 24 лица осомничени за провала, од кои 21 се предадени на надлежното обвинителство. Вкупно 55 лица се уапсени поради кршење на законот за странци или наркотици. Исто така, поднесени се и 180 пријави и изречени се многу казни.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико