Правдико

   

Македонски државјанин се обидел од државата да изнесе 105 илјади евра

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

CI Kafasan - devizen prekrsok - 02Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан спречија обид занелегално изнесување на голема сума девизи од државата. Вчера (22.09.2015 г.) за излез од државата се пријави автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин (Е.А, 38 години).

На прашање на царинскиот службеник, лицето изјавило дека нема ништо да пријави за царинска контрола, но прашан дали носи девизи со себе, одговорил дека има околу 2 илјади евра. Поради сомневање во изјавата, пристапено е кон детален преглед на возилото и претрес на лицето, при што во џеб од неговата облека се пронајдени пријавените 2 илјади евра, а во рачната торба која ја носел преку рамо уште 105 илјади евра за кои лицето не поседувало никаков документ.

Законот за девизно работење предвидува дека резиденти можат слободно да изнесат девизни средства во противвредност на 2 илјади евра, па според тоа, толкав износ му е вратен, додека 105 илјади евра се одземени.

Против прекршителот е поведена прекршочна постапка.

Партнери на Правдико