Македонски камионџии го блокираа главниот премин на српско-хрватската граница | Правдико

Правдико

   

Македонски камионџии го блокираа главниот премин на српско-хрватската граница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонски камиониџи утрово го блокираа патничкиот сообраќај во меѓуграничниот појас на преминот Батровци/Бајаково на српско-хрватската граница, јави Танјуг.

kamioni-hrvatska-granica-702x336

Според српската агенција, три камиони со македонски регистарски таблички, што превезуваат лесно расиплива стока, се попречени во меѓуграничнуиот појас на овој главен премин на границата меѓу Србија и Хрватска.

Камионџиите изјавиле дека се решиле на ваквиот потег незадоволкни од неколкудневното чекање на границата, поради што стоката која ја превезуваат веќе почнала да се расипува. Тие се заканиле и дека расипаната стока ќе ја истоварат на самиот пат,

Според Танјуг, хрватската полиција се обидува да ги убеди да ги поместат возилата.

Извор: 24Вести

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико