„Македонски телеком“ и „Т-Мобиле“ од 1 јули стануваат една компанија | Правдико

Правдико

   

„Македонски телеком“ и „Т-Мобиле“ од 1 јули стануваат една компанија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Македонски телеком“ и „Т-Мобиле Македонија“ од 1 јули официјално стануваат една компанија – „Македонски телеком“. Одлуката е донесена на собранието на акционери одржано на 17 јуни, со прифаќање на спогодбата за присоединување.

„Т-Мобиле Македонија“ од 1 јули нема да постои како правно лице, а сите вработени, како и целокупниот имот и обврски, ќе бидат преземени од „Македонски телеком“.

На чело на компанијата ќе биде Андреас Маиерхофер, актуелниот главен извршен директор на „Македонски телеком“. Жарко Луковски ќе ја преземе позицијата главен оперативен директор.

– По подолг процес на планирање и интерни подготовки, стануваме една компанија што ќе им нуди на корисниците целосна комуникација на едно место. Ќе станеме поефективни и поедноставни во процесите на работењето и одлучувањето, ќе ги оптимизираме оперативните трошоци, што ќе нè позиционира уште подобро на пазарот. Сето ова ќе ни овозможи целосно да се посветиме на корисниците, од една страна преку нудење иновативни конвергирани услуги преку најновите технологии, а од друга страна преку подобрување на корисничкото искуство. Во исто време, бевме и ќе останеме најголем инвеститор и гарант на силниот развој на телекомуникациската индустрија – изјави Андреас Маиерхофер, главен извршен директор на „Македонски телеком“.

Се очекува процесот на присоединување да ја зајакне позицијата на „Македонски телеком“ како водечки интегриран давател на телекомуникациски услуги во земјата.

Извор : МЕТА.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико