Правдико

   

Македонските плати од 200 евра до 1100 евра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со просечна плата од 1108 евра врaботените во воздухопловниот транспорт се најдобро платените работници – покажуваат последните податоци на заводот за статистика. По нив следуваат програмерите со просечна плата од околу 814 евра, па банкарите кои во просек земаат над 700 евра. Во петорката од најдобро платени професиии се и фармацевтите и вработените во телекомуникациите.

denari

НОЕМВРИ 2015
Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен

вработените во воздухопловниот транспорт 1.108 евра
компјутерските програмери 814 евра
вработените во финансискиот сектор 711 евра
фармацевтската индустрија 676 евра
телекомуникации 631 евра

Додека најмалку платени пак, според просечната плата исплатена во ноември лани, се вработените што се занимаваат со рибарство и аквакултура, но и со производтсво на облека со просечни месечни примања од само 200 евра.

Граѓаните велат дека најмногу пари трошат за комуналии.

За да се подобри стандардот и да се намали сиромаштијата Владата во договор со синдикататот донесе план за етапно зголемување на минималната плата. Од први јануари најниската исплатена плата се зголеми за 8 евра и сега изнесува 164 евра. Со оваа сума законски загарнтираната минимална плата е 12 пати пониска од земјите во Европа.

За да се зголеми нивото на плати во текстилната индустрија, сектор во кој се регистрираат едни од најниските примања неопходна е државата да помогне во модернизацијана производствените погони – смета претседателката на кластерот за текстил.

Според податоците од Сојузот на синдикати на Македонија,на едно четиричлено семејство за да го истурка месецот му биле потребни околи 520 евра, пари за храна, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура, здравје.

Последните податоци покажуваат дека стандардот на просечниот македонец изнесува само 35 отсто од стандардот на европеецот.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико