Македонските судови во 2016 носеле пресуди по „терк“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Дури 82,28 отсто од пресудите кои ги донеле македонските судови во 2016 година биле во согласност со Законот за одредување на видот и висината на казната, покажа Годишниот извештај на Комисијата за воедначување на казнената политика составена од судии, јавни обвинители и адвокати.
Сепак, постои резерва бидејќи судовите не доставувале пресуди. Во Извештајот на Комисијата пишува дека се забележани пропусти при донесувањето пресуди. Такви примери се изрекувањето условни осуди, а не се исполнети условите од Законот, се изрекуваат поблаг вид казни од предвиденото, осудените лица погрешно се категоризираат, а во некои случаи и погрешно е утврдена казната.
Комисијата препорачува измени во Законот за одмерување на видот и висината на казната. До Собранието упатиле известување во кое го информираат законодавниот дом, дека на двајца членови, екс-обвинителот Јован Илиевски, баџанакот на директорот на УБК, Сашо Мијалков, му престанал мандатот, бидејќи е избран во Судот за човекови права во Стразбур и на обвинителот Неџат Елези, поради исполнување на старосната граница за заминување во пензија.
Инаку, претседателот на Врховен, Јово Вангеловски на брифинг со новинарите најави дека од Новата Влада ќе побара измени во Законот за парнична постапка, Законот за судови, Законот за судскиот совет, Законот за одмерување на казните, укинување на Законот за Советот за утврдување на факти и утврдување одговорност на судии и др. „Забелешките од Извештајот на Рајнхард Прибе се дел од една поголема законска ревизија која треба да биде направена“, рече тогаш на брифингот со новинарите Вангеловски. На неколку стручни расправи посветени на оваа тема, можеа да се чујат експертски мислења дека законот не ги дал очекуваните резултати, бидејќи премногу математички ги одредува казните, па дури се заговара и целосно укинување на овој Закон.
Извор: Макфакс