Македонците влегоа во предлог-законот за малцинства во Албанија | Правдико

Правдико

   

Македонците влегоа во предлог-законот за малцинства во Албанија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Албанската Влада на вчерашната седница го усвои Предлог-законот за заштита на националните малцинства во земјата, што набрзо треба да се најде на дневен ред на Парламентот.

Во член 3 од Законот пишува дека за национални малцинства во Албанија се сметаат: Грците, Македонците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите.

– Овој закон го регулира остварувањето на правата на припадниците на националните малцинства во Република Албанија, во согласност со одредбите од Уставот на Република Албанија, Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства, ратификувана во 1999, и меѓународните договори од областа на човековите права. Припадниците на малцинставата треба ди ги почитуваат правната држава, територијалната целовитост и суверенитетот на Република Албанија, се наведува меѓудругото во текстот на Предлог-законот.

Со законот се гарантира претставување и негување на нивните културни, етнички, јазични и верски карактеристи и традиции, како и право во идентифкација, образование…

Како што понатаму стопи во во член 3 од законот, формалното признавање на националните малцинства сега се прави со закон, на иницијатива на Владата и по предлог на министерот за внатрешни работи, а врз основа на барања на претставници на малцинствата.

Албанија за првпат носи ваков закон.

Засега нема реакции од малцинствата околу Предлог-законот, што всушност е донесен под силен притисок на претставниците на малцинствата, кои имаат голема поддршка и од Народниот правобранител и претставниците на меѓународната заедница во Албанија.

Со донесување на ваков закон Албанија е условена и од ЕУ, за са може да ги почне преговорите за членство.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико