Македонците во Албанија побараа употреба на македонскиот јазик
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со писмо упатено до Ирма Бараку, комесар за заштита од дискриминација, Македонците во Албанија бараат исполнување на даденото писмено ветување дека формуларот за поплаки, ќе биде испечатен и на македонски јазик, јави МИА.
„Од комесарот за заштита од дискриминација, госпоѓата Ирма Бараку, врз основа на Законот за заштита од дискиминација, побаравме формуларот за поплаки и брошурата за заштита на малцинствата во Албанија, да бидат испечатени и на македонски јазик. Оваа последователна неправда не можевме да ја трпиме. Реагиравме и експресно добивме позитивен одговор, но до сега нема ништо од тоа“, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден “ со седиште во Тирана.
Според него, формуларот бил печатен на албански, грчки, влашки, англиски, но не и на македонски јазик. По првиот позитен одговор се надеваме, додаде Ѓурѓај, дека целосно ќе биде реализирано ова наше барање.
Во позитивниот одговор на комесарката за заштита од дискриминација Ирма Бараку, од февруари годинава стоеше дека забелешката се прифаќа и се нагласува подготвеноста за соработка, се заблагодарува на разбирањето за направениот пропуст и сепосочува дека и формуларот и други информации во иднина ќе бидат не само на албански, туку и на јазиците на малцинствата, вклучувајќи го и македонското.
Извор: еМагазин