Малала ќе го отвори самитот на ОН
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи ќе го отвори денешниот самит на Обединетите нации со говор во кој ќе повика на слободно 12 годишно школување за сите деца во светот.
„Ако сакате нашата иднина да биде посилна и посветла неопходно е да инвестираме во едукацијата.
Не требаат многу пари за тоа, само 39 милијарди долари, кои ги трошиме во осум дена за воени цели“, вели 18 годишната Малала. Веднаш по обраќањето на Малала која во Пакистан беше застрелана во главата во 2012 година од талибански напаѓачи затоа што пропагираше слободно школување за девојчињата, ќе зборува и Папата Франциско.