Малезискиот премиер демантира дека украл 700 милиони долари | Правдико

Правдико

   

Малезискиот премиер демантира дека украл 700 милиони долари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Премиерот на Малезија Наџип Разак денес ги демантираше наводите на медиумите дека тој на негови лични банкарски сметки префрлил 700 милиони долари од средствата на единствениот инвестициски фонд кој моментално тони во долгови.

338598_najib-razak-ap1_f

Инвестицискиот фонд 1MDB акумулира 42 милијарди Рингити, односно 11,2 милиони долари долг ,  а Wall Street Journal и  порталот за вести Sarawak report објавија дека инспекторите не нашле докази за трансфер на 700 милиони долари во банкарските сметки на премиерот.

Според наводите, на сметките на премиерот Наџип Разак имало пет трансакции, а двете најголеми, во вредност од 620 милиони и 61 милион, беа направени во март 2013 година, во пресрет на општите избори во Малезија.

Во соопштението на Разак се критикуваат “оркестрираните напори на поединци кои имаат намера да ја поткопат довербата во нашата економија, и да го расипат имиџот на Владата ”

“Овие најнови тврдења кои се препишуваат на неименуван истражувач како основ за напад врз премиерот, претставуваат политичка саботажа”, се вели во изјавата на премиерот, додека фондот 1MDB тврди дека тие никогаш не го финансирале премиерот.

Разак е под се поголеми критики во врска со неговата политика, а неговиот претходник Матахир Мохамад бара негова оставка.

Фондот 1MDB тврди дека медиумите се повикуваат на документи “, чие постоење и автентичност не е официјално  потврдено” и ги обвинува медиумите за “многу неодговорно и намерно поткопување на компанијата.”

Фондот побара од јавноста да го чекаат исходот од истрагата предводена од страна на владините агенции, Главниот државен ревизор и на Централната банка.

Препорачуваме

Партнери на Правдико