Maлолетник нападнат со нож додека чекал автобус
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вчера, околу пладне, 15-годишно момче од селото Арачиново било физички нападнато додека чекало автобус на булеварот Крсте Мисирков од Скопје. Нападот го извршил друг мамолетник од Арачиново, ученик во државното средно училиште „Зеф Љуш Марку“.
„Додека чекал автобус, 15-годишникот физички бил нападнат и со нож му биле нанесени две убодни рани во пределот на левото рамо и половината. Повреденото момче било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и задржано на понатамошно лекување“, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: Макфакс