Малолетник од Гостивар бил физички нападнат и ограбен | Правдико

Правдико

   

Малолетник од Гостивар бил физички нападнат и ограбен

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера, во 14.10 часот и во 15.40 часот, во гостиварско Чегране, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М. Х. (34) од тетовски Пирок и Ф. А. (18) од Чегране.

Тие се сомничат дека со уште едно лице на 25.10.2021 на улицата Боге Велјановски во Гостивар физички нападнале малолетник од Гостивар и му одзеле мобилен телефон и пари.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико