Малолетник се обидел да прободе со нож 20-годишен тетовец
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Дваесетгодишен тетовец во полиција пријавил дека, по вербална расправија со двајца малолетници на нецели 14 години, е повреден од едниот од нив. Според пријавата во средата попладнето околу 18 часот и 30 минути со двете деца започнал вербална расправија, а причина била тоа што тие двајца претходно го малтретирале неговиот малолетен брат. Се сретнале на улицата „29 ноември“ пред семејната куќа на 20-годишникот, кој во приземјето работел во сопствениот дуќан.
– Едниот од малолетениците извадил нож, замавнал да го удри, но 20-годишникот И.Џ успеал да му го одземе. При тоа, ја расекол левата дланка, додека вториот малолетник со ременот од кучето, кое го шетале, го удрил по главата. Така му нанел и видливи повреди на И.Џ, по што веднаш се оддалечиле од местото. Нешто подоцна, во присуство на нивни најблиски, малолетниците се повикани во СВР Тетово и одземени им се два ножа – соопшти тетовската полиција.
Оттаму информираат дека во консултација и координација со јавен обвинител продолжува истрагата во насока на расветлување на сите детали поврзани со случајот.
Извор: Нова Македонија