Малолетник тешко повреден во тепачка меѓу две групи во Миладиновци
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Малолетник е повреден во тепачка меѓу две групи во скопското село Миладиновци. Според полицијата, вчера околу 23 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во селото Миладиновци кај игралиштето за мал фудбал дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две групи малолетни лица, при што во тепачката повреда добило едно 16-годишно лице.
Малолетникот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс