Малолетникот кој пријави дека се самоповредил со нож, бил нападнат и прободен | Правдико

Правдико

   

Малолетникот кој пријави дека се самоповредил со нож, бил нападнат и прободен

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Малолетникот кој викендов пријави дека се самоповредил во студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола, го смени исказот и пријави дека бил нападнат и прободен со нож.

maloletnik-noz

Според неговиот нов исказ кој го дал во полиција во присуство на неговиот татко, седумнаесетгодишниот битолчанец бил нападнат на 16 октомври околу 21 часот додека се движел на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола.

Таму го пресретнало непознато лице кое му побарало пари. Момчето му рекло дека нема пари, а напаѓачот почнал да му се заканува дека ќе му ја запали куќата и почнал да го навредува, а со навреди возвратил и малолетникот.

Непознатото лице почнал да го влече и да го удира со раце во пределот телото, по што момчето се повлекло во студентскиот дом во собата на неговите другари, каде осетил болка во левото рамо, а кога се соблекол забележал крв.

Се обиделе да го сопрат крварењето, а потоа двајца другари што живееле во Домот со такси возило го однеле во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Момчето најпрвин пријави дека се самиот се повредил бидејќи бил исплашен од настанот. Момчето првин во полиција пријави дека самиот се повредил кога скокнал со грб на креветот, на којшто имало оставено нож.

СВР-Битола презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико