Малолетникот осомничен за Силување во ВП домот Тетово во постапка и за Убиство во обид | Правдико

Правдико

   

Малолетникот осомничен за Силување во ВП домот Тетово во постапка и за Убиство во обид

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

javno-obvinitelstvo-skopjeОсновното јавно обвинителство во Велес поднесе барање до Судијата за малолетници во Основниот суд – Велес за поведување подготвителна постапка спрема едно дете, штитеник на Воспитно-поправниот дом Тетово, за сторено кривично дело – Убиство (во обид).

На 25 јануари малолетникот побарал да биде однесен на лекарски преглед кај домскиот лекар заради главоболка. Во лекарската соба тој најпрвин со дрзок и висок тон се обратил кон лекарот, потоа ја турнал масата меѓу нив и се обидел да го удри, во што го спречиле двајца надзорници. Подоцна, од трпезаријата 16-годишникот зел два ножа и повторно влегол во лекарската соба со вербални закани кон лекарот дека ќе го убие, а притоа повторно го спречиле присутните надзорници.

Инаку, детето за кое станува збор, во текот на издржувањето на воспитната мерка, се јавува како сторител на повеќе кривични дела, меѓу кои и кривичното дело Силување спрема друго дете – штитеник на домот. За непријавување на ова дело Обвинителството поведе постапка и против заповедникот на Воспитно-поправниот дом.

Надлежното обвинителство, по последниот случај, до Судијата за малолетници во Основниот суд во Велес достави и предлог за определување мерка притвор за малолетникот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико