Малолетници нападнати од група навивачи во Скопје | Правдико

Правдико

   

Малолетници нападнати од група навивачи во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

М.Ж. (73) од с.Сопиште, скопско, и О.К. (45) од Кичево пријавиле во полициската станица Центар, дека околу 13.30 часот петнаесетгодишниот внук на М.Ж. и петнаесетгодишниот син на О.К., во близина на „Академија Вардар“, физички биле нападнати од група од 20 до 30 лица, најверојатно навивачи на ФК „Шкупи“.

Малолетниците кои излегле од спортската сала „Кале“ и се упатиле кон „Градски парк“, забележале дека зад нив се движела групата, во непосредна близина на „Академија Вардар“.

При разминување едно лице од групата со тупаница го удрило внукот на М.Ж. во пределот на лицето, додека неколку други лица физички го нападнале синот на О.К., удирајќи го со нозе и раце во пределот на главата и телото. Малолетниците забележале дека едно од лицата имало нож во рака, а повеќе други лица имале метални шипки на расклопување, кои не ги употребиле.

Синот на О.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, каде му била укажана медицинска помош и му биле констатирани телесни повреди.

Претходно, непосредно по случувањето на горепријавениот настан, од страна на полициски службеници, кои биле ангажирани да го обезбедуваат фудбалскиот натпревар помеѓу Вардар и Шкупи, било интервенирано и во полициската станица Центар биле приведени шест лица од Скопје и едно лице од Велес.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико