МАНУ: Расправа посветена на „Независноста на судството“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи научна и стручна расправа посветена на „Независноста на судството“.
На конференцијата е најавено дека ќе се обратат претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, претседателот на Врховниот суд, Лидија Неделкова, министерот за правда Аднан Јашари, како и амбасадорите на Франција, Германија и на мисијата на ОБСЕ.
Учество со свои излагања ќе остварат и повеќе професори од правните факултети во Скопје и Тетово, како и судии и членови на судските тела и организации во Македонија.
Извор: 24Вести