Маричиќ: Дигитализацијата на судството ќе значи и нови услуги за граѓаните | Правдико

Правдико

   

Маричиќ: Дигитализацијата на судството ќе значи и нови услуги за граѓаните

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во својот говор на меѓународната научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“ рече дека набргу во земјата ќе почне да пристигнува опремата што ќе биде инсталирана во судовите и судниците, со што тие целосно ќе се дигитализираат.

Според планот за дигитализацијата што веќе го усвои Владата, ќе се опремат речиси 200 судници, 34 суда, но и новата судница што се прави во затворот „Идризово“, што ќе овозможи судење на делечина.

„Наша цел е побрзо, подобро и посовремено судство, а тоа значи дигитализација на постапките во судствотo, воведување електронска комуникација помеѓу судовите, другите правосудни институции, но и дигитализација на услугите за граѓаните. Владата неодамна го донесе оперативниот план, кој всушност произлегува од активностите на агендата на Европската комисија ЗЕЛЕНА ДИГИТАЛНА ТРАНЗИЦИЈА. Ова значи дека е вистинско време за модернизација на судството и дека сме фатиле чекор со современите текови. Дигитализацијата на судството е еден од важните чекори во реформата на системот, особено во зголемување на ефикасноста и транспарентноста“, потенцира Маричиќ.

Министерот за правда објави и дека со ОБСЕ се работи на изготвување функционална платформа на која ќе бидат објавувани податоци за работата на судовите во врска со квалитетот и квантитетот на нивното работење, односно распределбата на предмети, завршени предмети, времетраењето на постапките и евентуално одложувања.

Со дигитализацијата ќе се воведат и нови електронски услуѓи за граѓаните, односно сите потребни потврди од судовите и институциите ќе може да се добиваат електронски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико