Маричиќ до претставничката на УНИЦЕФ: Правдата за децата е дел од преговорите со ЕУ | Правдико

Правдико

   

Маричиќ до претставничката на УНИЦЕФ: Правдата за децата е дел од преговорите со ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска, се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ди Џовани, на која се дискутира за подобрување на системот за правда за децата во Северна Македонија.

Во таа насока се дискутира и за подобрување на третманот на децата кои се дел од воспитно-поправниот систем и се во судир со законот во насока на нивна рехабилитација и изнаоѓање алтернативни форми за рехабилитација покрај институционализацијата, односно сместување во воспитно-поправен дом.

Маричиќ потенцира дека децата заслужуваат шанса во животот и дека вината за нивното несоодветно однесување и судирот со законот најчесто треба да ја бараме на друго место. Министерот додаде дека колку повеќе ги подигнеме стандардите за ресоцијализација на децата толку Северна Македонија ќе биде похумано и погрижливо општество.

Како министер за правда, Маричиќ истакна дека ќе стори сè што е во негова надлежност да ги унапреди правата на децата и истакна дека правдата за децата е дел од преговорите со ЕУ.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико