Правдико

   

Маричиќ и Русковска разговараа за кадровско зајакнување на Обвинителството за поефикасна борба со криминалот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, се сретна со основната јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

На средбата со обвинителката Русковска министерот Маричиќ дискутира за потребите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, подготовките на Република Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, како и зголемување на ефикасноста во постапувањето по предметите.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, истакна дека ќе има поддршка во процесот на кадровското зајакнување со стручни соработници и подобрување на капацитетите на обвинителството, со цел поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Воедно, во поглед на почетокот на преговорите и отворањето на Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права, министерот Маричиќ истакна дека во фокусот на преговорите ќе биде судската и обвинителската пракса и имплементацијата на законите.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико