Правдико

   

Маричиќ: Moра да имаме добри закони за легализација на марихуаната, за да не настане хаос

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за правда Бојан Маричиќ говорејќи на Mеѓународната конференција за модели на регулација на дроги, во организација на Коалиција Маргини и ХОПС, кажа дека е добро што во земјава се отвори широка општествена дебата за декриминализацијата на марихуаната.

Според Маричиќ, квалитетното регулирање на ова прашање, може да донесе повеќе поволности за државата и тоа во однос на регулирање на трговијата со марихуана, намалување на криминалитетот и економски придобивки, пред сè во туризмот и угостителството.

„Свесен сум дека ова е комплексно прашање и токму затоа овој процес во суштина мора да биде инклузивен, односно во креирањето на модалитетот како ќе се спроведе декриминализацијата, треба покрај стручната јавност и експертите, да бидат вклучени и невладините, односно граѓанските здруженија кои можат и тоа како да придонесат за квалитетот на решението. Дебатата сега е отворена и трае“, истакна Маричиќ.

Министерот посочи дека ќе се инсистира еднаш донесените закони со кои ќе се регулира ова прашање, доследно и без исклучок да се спроведуваат во пракса, бидејќи во спротивно, како што рече, ќе се доведеме во опасност секој на свој начин да ја толкува декриминализацијата, а со тоа место ред би настанал хаос во овaа сфера.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико