Правдико

   

Маричиќ: Наша заложба е рестриктивните мерки да бидат минимални

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Наша заложба е рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на здравјето, истакна министерот за правда, Бојан Маричиќ, за време на Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа на тема „Ковид-19 и правата заштитени со Европската конвенција за човекови права“.

„Соочени со непознатото, коронавирусот ја наметна потребата од тоа да во голем број држави се воведат рестриктивни мерки, кои, пред сè, однесуваат и ги засегаат човековите права. Повторно, Северна Македонија не беше исклучок и во период на техничката влада се соочивме со една од најсмелите одлуки, а тоа беше да прогласиме вонредна состојба за справување со последиците од пандемијата: здравствени и економски“, истакна Маричиќ.

Како една од најтешките одлуки на претходната влада, Маричиќ истакна дека било прогласувањето на вонредната состојба и дерогација на човековите права утврдени во Уставот и Европската конвенција за човековите права и воведувањето на рестриктивните мерки.

„Главниот предизвик во целиот свет во справувањето со оваа пандемија е во заштитата на човековото здравје, која често подразбира и воведување рестриктивни мерки. Наша заложба е рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на јавното здравје. Колку повеќе се придржуваме до мерките и препораките што се досега дадени, толку побргу ќе ја пребродиме оваа криза. Заедно со другите држави, и Северна Македонија прави максимални напори да го заштити јавното здравје и да балансира помеѓу рестриктивните мерки и економско-социјалните последици. Сепак, водилка во одлуките за заштита на човековото здравје и одлуките за справувањето со пандемијата треба да биде светото тројство: владеењето на правото, демократијата и човековите права“, потенцира Маричиќ.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико