Маричиќ: Реформите во судството не се само на хартија, туку функционираат и во пракса
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денес се обрати на дијалогот за јавни политики „Имплементација на стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година со акциски план – до каде сме и што понатаму“, во организација на Институтот за европска политика, каде што рече дека е задоволен од резултатите и темпото на спроведување на реформите во правосудството. Дополнително, најави нови мерки со цел зацврстување на правната држава.
„Практиките во судството се менуваат благодарение на чекорите што ги преземаме. Граѓаните веќе ја забележуваат активната улога на Судскиот совет. До денес имаме 16 разрешени судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Ова е факт што говори дека законските измени за реформирање на правосудството и враќањето на довербата на граѓаните во судството не се само на хартија, туку се функционални и тие се применливи во пракса“, потенцира Маричиќ
Тој додаде дека направена е промена, но и дека има уште многу да се работи.
Потврди дека реформата останува високо на агендата на Владата и смета дека земјата е на вистинскиот пат кон исполнување на целта за независен, професионален, транспарентен и ефикасен правен систем.
Извор: Макфакс