Маричиќ – Саити: Судската власт треба да работи на подобрување на довербата на јавноста
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Министерството за правда се оствари средба помеѓу министерот Бојан Маричиќ и претседателот на Здружението на судии, Џемаил Саити, кој воедно е и судија во Врховниот суд.
На средбата министерот Маричиќ дискутираше за заштитата на судската независност, зголемувањето на одговорноста, ефикасноста и транспарентноста на судиите и судовите.
Маричиќ потенцираше дека довербата на јавноста и угледот на судството може да го подобри најмногу самата судска власт, но дека процесите за поврат на угледот ќе ги иницира Министерството за правда.
Министерот истакна дека очекува од Здружението на судии да биде партнер во спроведувањето на реформите и активно да се вклучи со препораки и стручни совети во процесот на прочистување на правосудството.
На средбата министерот Маричиќ додаде дека ќе биде поддршка на правосудните органи во процесот на кадровско зајакнување со стручни соработници и создавањето услови за поефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал.
Извор: Макфакс