Маричиќ: Со помош на партнерските земји целосно ќе го дигитализираме македонското судство | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Маричиќ: Со помош на партнерските земји целосно ќе го дигитализираме македонското судство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во своето обраќање на конференцијата „Ефикасност на работата на судии и судска администрација“, кажа дека планот за дигитализација на судството е готов, Владата го усвои и дека следната фаза е практично дигитализација, односно пристигнувањето и инсталирање на информатичката технологија. Според планот, целосно ќе се дигитализираат речиси 200 судници и 34 судови.

„Дигитализацијата, за жал во некои сегменти во општеството наидува на отпор, но ќе се сложиме дека отпор кон модернизација не треба да има. Таа ќе се случи, порано или подоцна во сите сегменти на живеењето. Судството секако нема да биде „поштедено“. Сите досегашни анализи укажуваат дека преку дигитализацијата, судењата на далечина или онлајн судењата за 60% ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста. Дополнително, на овој начин се намалуваат трошоците“, потенцира Маричиќ.

Тој посебно се заблагодари за финансиска и стручна помош од ОБСЕ, Европската Унија, САД и Норвешката Влада, кои директно асистираат во големиот проект за дигитализација на македонските судови.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико