Маричиќ со претседателката на антикорупциската комисија разговараше за реформите во правосудството
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.„Плодна дискусија за соработка се разви на денешната средба на министерот за правда, Бојан Маричиќ, со претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, и Владимир Георгиев, член на ДКСК“, соопшти Министерството за правда.
На состанокот се дискутира за одговорноста на институциите во реформите во правосудството, како и потребата за подобрување на соработката на институциите за водење поуспешна превенција и активна борба против корупцијата.
„Министерот Маричиќ истакна дека ќе ѝ биде поддршка на Државната комисија за спречување на корупцијата во насока на унапредувањето на капацитетите за борба против корупцијата и посочи дека токму антикорупциската комисија е една од клучните институции во процесот на преговори со ЕУ. На средбата се дискутира и за исполнувањето на препораките од V-круг на ГРЕКО“, се додава во соопштението.
Извор: Макфакс